Точка ТВ: Дубаи – од рај до пекол: Ова се мрачните тајни на егзотичниот град

Точка

01/07/2020

20:48

9.277

Големина на фонт

а а а

Голем број од луѓето ќе ви кажат дека Дубаи е највозбудливиот град на светот, со целиот свој луксуз со кој што изобилува, но постои и мрачна страна за која што малкумина слушнале.

Работниците работат по 14 часа на ден, на температура од 40 степени Целзиусови

Дубаи се развива со неверојатна брзина... Иако локалните влијателни луѓе можат да го имаат целото богатство на овој свет, сè уште им е потребна старата и ''вообичаена'' работна сила за да ги изградат работите со толкава брзина.  

Тоа во кое што ''лежи'' најголемиот проблем е тоа што моќните луѓе сметаат дека работниците не треба да се третираат исто како и останатите граѓани на Дубаи, па поголемиот дел од нив живеат во ужасни услови и изложени се на опасност секој ден.

Затвор поради бакнување на јавно место

Поголемиот дел од населението во Дубаи се муслимани, што значи дека правилата, особено оние за интимноста, строго се спроведуваат.

Сите оние прекрасни фотографии кои што ги гледаме на Инстаграм се само ''оптичка илузија'' за тоа дека Дубаи е либерално место, затоа што таквото однесување е најголемата грешка која што човек може да ја направи додека престојува во Дубаи.

Не само што е забрането бакнување, туку илегално е да се држите за рака во јавност, а туристите кои што ќе го прекршат ова правило плаќаат огромни казни, па дури им се заканува и затворска казна.


Трговија со луѓе

Иако законите таму се строги кога станува збор за алкохол, дрога и секс, правилата не важат засекогаш.

Најстарата професија на светот ''цвета'' во Дубаи - постојат над 30.000 проститутки кои што отворено ја покажуваат својата кожа и наплаќаат по 500 долари од час.

Најголемиот проблем таму е тоа што богатите луѓе исто така тргуваат со луѓе...

''Фрлање'' огромна количина вода за пиење

Бидејќи е сместен во пустина, Дубаи мора да увезува вода. Тие се расфрлаат со питката вода и не гледаат некој поголем проблем во тоа.

На пример, таму постојат голем број голф терени за чие одржување трошат околу 15 милиони литри вода на ден, само тревата да остане зелена.


Дивите животни таму не се диви

Богаташите во Дубаи имаат толку многу пари што не знаат на што да ги трошат. Некои од нив купуваат златни автомобили, други пливаат во млеко, но најновиот тренд е да набавуваат егзотични и диви животни како домашни миленици.

Очигледно шеиците повеќе не се задоволни со кучиња и мачки, па поради тоа купуваат тигри, пантери, лавови и слично. Притоа плаќаат и тренери и дресери кои што ги злоставуваат животните за да ги цивилизираат, а тие да бидат сигурни дека еден ден нема да ги нападнат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk