Одлична за лекување и рекреација: Оваа планина во соседството веќе 120 години носи статус на воздушна бања

Точка

02/07/2020

09:59

4.467

Големина на фонт

а а а

Во доба кога коронавирусот повторно се шири на територијата на целиот Балкан, сè повеќе луѓе се откажуваат од летувањата и го бараат спасот во планините и зелената природа.

Една од најпопуларните дестинации е и планината Златибор во Србија, која освен што е опкружена со борова шума и бистри потоци, самиот престој на неа позитивно влијае на здравјето на луѓето. 

Покрај планинските пејсажи кои се вистински одмор за душата и телото, Златибор е благотворен и во терапевтска смисла. Од дамнешни времиња е познато дека златиборскиот воздух е посебен и лековит, што е причина планината да добие статус на воздушна бања кој гордо го носи повеќе од 120 години, пренесува “B92”.


Кога ќе пристигнете на Златибор, првото нешто кое ќе го забележите е Златиборското езеро, кое е најубавиот украс на туристичкиот центар. Веднаш зад езерото се наоѓа Кралскиот плоштад, пространо плато и шеталиште на кое во текот на целата година се организираат различни културни манифестации и концерти.

На ова место се здружени неколку фактори кои создаваат идеални услови за лекување, закрепнување и рекреација: геоморфолошкиот состав на земјиштето, шумите, ароматичната вегетација и надморската височина.


“Со порастот на надморската височина опаѓа воздушниот притисок, а расте нивото на хемоглобинот во крвта. Воздухот кој белите дробови го вдишуваат на 1000 метри над нивото на морето е полн со кислород. Со прошетките и рекреацијата во Златибор се зголемува бројот на крвни зрнца за над 2 милиони”, велат од локалната туристичка организација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг