Поради неа ги победил пороците и се одрекол од алкохолот: Бен Афлек ужива во врската со младата актерка

Супермен

02/07/2020

15:22

4.908

Големина на фонт

а а а

47-годишниот Бен Афлек е во љубовна врска со 32-годишната актерка Ана де Армас, a кога станува збор за парот, изгледа дека љубовта ги победила сите пороци.

Холивудскиот заводник неодамна бил фотографиран како разменува нежности со новата избраничка. 


Бен постојано ја бакнувал и прегрнувал Ана, па многумина заклучиле дека тој за првпат е заљубен до уши по разводот од сопругата Џенифер Гарнер.


Странските медиуми наведуваат дека Бен е толку заљубен во актерката што поради неа ги оставил своите пороци и склоноста кон алкохолот, со кој има проблеми веќе 20 години. Во минатите месеци тој посетил и клиника за одвикнување од алкохол.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk