Летна нега: Домашни маски за лице со банана

Fashionel.mk

02/07/2020

15:43

2.030

Големина на фонт

а а а

Познато е дека бананите се одлични за нашиот организам, а со тоа и здравје. Изобилуваат со витамин Ц, Е, но и комплексот на витамини Б. Калиумот и магнезиумот се дел од минералите кои се доминанти во нејзиниот состав, а бананата содржи и железо, калциум, фосфор, цинк, селен...

Имајќи го сето ова предвид, бананите се одлична подлога и за домашни маски за лице. Одењето во козметички салон можеби се' уште за некого носи доза неизвесност и непријатност, па затоа посегнете по домашни рецепти на кои кожата ќе ви биде благодарна. 

Еве неколку предлози:

Банана + лимон + мед 

Потребни состојки: 1 лажица лимонов сок, 1 лажица мед, 1 банана 

Подготовка: Изматете ги лажицата мед и лимонот. Потоа во смесата додавате една испасирана банана. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Кога ќе стане мазна, нанесете ја на лице. Држете 15-тина минути, па измијте ја со вода. Ако случајно забележите пецкање на кожата, постои можност да сте ставиле малку повеќе лимон. Оваа маска е супер за освежување и избелување на кожата. 


Банана + јогурт 

Една испасирана банана помешајте ја со две лажици јогурт. Во смесата можете по потреба да додадете и мед, а и не морате. Состојките мешајте ги да станат компактни и смесата потоа нанесете ја на лице. Ако ви излезе малку поретка, користете четкичка за лице и полесно ќе ја нанесете. Оставете ја макар половина час, па измијте со вода. 

Маската е одлична за оние што имаат сува кожа, која дури и им се лупи. Ќе ви го освежи лицето во целост. 

Банана + кисела павлака 

Потребни состојки: Половина банана, половина чаша кисела павлака. 

Подготовка: Соединете ги испасираната банана и киселата павлака, па во смесата додадете и неколку капки лимонов сок. Со прсти размачкајте ја по лицете и оставете да делува околу 15-тина минути. После измивањето на маската, кожата ќе ви биде малку масна, затоа не ставајте дополнително крема за хидратација. Идеална маска за намалување на брчките. Не очекувајте магија, длабинските брчки не можат да се отстранат, но секако маската ќе има ефект на ублажување и редукција на брчките и секако освежување на лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг