''Парче рај'' на попуст – од туристичката сезона не остана ништо, почна распродажбата на вили и хотели во оваа светски позната туристичка дестинација

Супермен

04/07/2020

16:00

5.571

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат светските медиуми, Тајланд сепак подобро се справил со коронакризата за разлика од Бали.

На индонезискиот остров Бали, сопствениците на хотелите кои што се силно погодени од кризата Ковид-19, присилени се да ги стават своите недвижнини на продажба.

Ова особено следело по одлуката на власта сезоната да не се отвори пред есен. И додека едни се борат за егзистенција, инвеститори, можеби на другиот крај на светот некои можат да ја зграбат оваа единствена можност и да купат ‘парче рај’ по поволна цена.


На пример, одморалиште со 50 вили кое што се гради во близина на популарната плажа за сурфање, се продава за 9 милиони долари, што е значително помалку за претходно бараната цена од 17 милиони долари.

Хотел со 5 ѕвезди и 140 соби, популарен меѓу луксузните недвижнини, ставен е на продажба во месец мај по цена од 7.7 милиони долари.

Иако стопирањето на меѓународните патувања ги опустоши дестинациите како што се оние на Тајланд и Хаваите, оцените се дека Бали е ‘поранлив’ од останатите.


Туризмот е 60 отсто од економијата на островот, и така обезбедува работа за сите – од готвачи и хигиеничарки во одморалиштата со пет ѕвезди, до менаџери и шофери.

Рекордни 6.2 милиони патници ги посетиле плажите на Бали, минатата година, а оваа година сето тоа е намалено за 22 отсто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk