[ФОТО/ВИДЕО] Како да тргнале на два различни настани: Бред Пит и Инес де Рамон привлекоа внимание со своите модни изданија

Супермен

17/09/2026

13:34

634

Големина на фонт

а а а

Бред Пит со својата девојка Инес де Рамон присуствувал на премиерата на неговиот нов филм „Heart of the Beast“, а парот привлекол внимание со модните изданија кои воопшто не биле усогласени.

Имено американскиот актер и оскаровец се појавил на светската премиера на своето ново филмско остварување „Heart of the Beast“, која се одржа во средата, на 16 септември, во амфитеатарот „FirstBank“ во Френклин, а во центарот на вниманието бил неговиот маскирно дезениран костум.


Неговата девојка, пак, носела лелеав, полупроѕирен фустан во нијанса на праска, со длабоко деколте, детали од тантела и слоевит долен дел.


За време на фотографирањето, парот се држел за раце и не ја криел својата блискост. Нивните фотографии се споделуваа на социјалните мрежи, а корисниците се прашуваа зошто Бред носел вакво нешто, наведувајќи дека изгледа како да му било прилично непријатно.


Филмот „Heart of the Beast“, во режија на Дејвид Ајер, ја следи приказната за офицерот на специјалните единици Џејмс Белмонт и неговото борбено куче Один, кои по авионска несреќа се борат за опстанок во дивината на Алјаска.


Ова појавување следува само неколку дена откако Пит и Де Рамон заедно присуствувале на финалето во машка конкуренција на Ју-Ес Опен во Њујорк.


Парот првпат беше поврзан кон крајот на 2022 година, додека своето официјално деби на црвениот килим го имаа во 2024 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk