Проработе Вибер и во Македонија: Сега сè функционира, а познат е и потенцијалниот 'виновник'

Точка

10/07/2020

19:32

5.946

Големина на фонт

а а а

Многу iPhone корисници имаа проблем со апликацијата Вибер, но сега сè функционира.

Од Вибер рекле дека работат на откривање на техничките проблеми кои се појавија утрово, а беа погодени неколку илјади iOS апликации ширум светот, меѓу кои е и Вибер.

Меѓутоа, изгледа дека сега сите проблеми се отстранети.


Не се знае точно за што станува збор, но некои странски медиуми (како Independent), пишуваа за тоа дека за ова би можел да биде одговорен iOS Facebook софтверот.

Доколку ова е вистина, тоа може да биде многу интересен индикатор за конфликтот помеѓу Вибер и Фејсбук да продолжи, со оглед на тоа дека неодамна Вибер ги повика сите да ја бојкотираат компанијата на Марк Закерберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг