Богаташите се подготвуваат за апокалипса? Во оваа држава масовно купуваат куќи со бункери

Супермен

16/07/2020

14:55

4.390

Големина на фонт

а а а

Новозеландскиот град Квинстаун, кој што поради својата популарност е меѓу љубителите на скијањето споредуван со Аспен во Колорадо, веќе со години е предмет на гласини според кои што странските државјани во него купуваат добро опремени бункери.

Иако има малку докази дека под семејните куќи навистина постојат бункери како оние кои што се со иста цел изградени во САД и Европа, репутацијата на Квинстаун во Нов Зеланд е многу висока, како пожелно прибежиште за светските богаташи во деновите пред евентуално да настапи крајот на светот.


Имено, американскиот милијардер Питер Тил и некогашниот водител на медиумската куќа „NBC“, Мат Лауер, веќе купиле куќи таму, а како последица на пандемијата, овој град од 40.000 жители повторно им стана интересен на луѓето кои што за себе бараат нови, безбедносни домови со бункери под нив.


На оние кои што таму сакаат да имаат такво нешто, една специјализирана американска компанија им нуди добро опремени бункери со целосно функционална кујна, со просторија за одмор, надзорни системи и произведување електрична енергија на соларни системи, а цените се од 40.000 американски долари, па нагоре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk