Точка ТВ: “Проколнатиот принц” доминирал на фудбалските терени и ноќните клубови, а на неговиот шарм паднала и познатата прва дама

Супермен

04/08/2020

16:10

2.362

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Елено де Фреиташ е еден од најспектакуларните играчи кои некогаш заиграле на фудбалските терени. Тој на несекојдневен начин ги бранел боите на Ботафого со кој достигнал голема слава, меѓутоа по еден пораз, сè тргнало по надолна линија...

Во 40-те години, Рио било место на игри и гламур, а еден човек бил најдобриот фудбалер и најголемиот заводник – Елено де Фреиташ. 

Феноменалното контролирање на топката и силниот физички стил на игра, како и шармот со кој пленел на теренот, но и надвор од него многу брзо го претвориле во ултимативна бразилска ѕвезда.

Тој го добил прекарот “Проколнатиот принц”.

Во 235 натпревари за Ботафого постигнал дури 209 голови, а за националниот тим на Бразил одиграл 18 натпревари и дал 19 голови. Поради Втората светска војна не биле одиграни 2 Мундијала, па на остатокот од фудбалскиот свет му биле ускратени неговите фудбалски магии.

Сепак, како растела неговата слава, така растеле и проблемите во неговиот живот. Бразилските ноќи со бројните убавици и алкохолот му ја загрозувале кариерата. Иако потекнувал од богата фамилија, Фреиташ одбивал да ја наследи фармата на неговиот татко – тој само сонувал да стане најголемиот фудбалер на Ботафого.

Во 1948 година, по промашениот пенал за титула и скандалозното однесување по мечот, кога ја искршил соблекувалната, им удирал шамари на соиграчите и одбил пари од претседателот на клубот, управата одлучила да го продаде на Бока Јуниорс.


Фреиташ веднаш станал најголема ѕвезда во Аргентина, но набрзо започнале и проблемите – овојпат поради љубовната афера со Евита Перон, сопругата на аргентинскиот претседател.

По само една сезона се вратил во Бразил, но никогаш повеќе во својот клуб. “Проколнатиот принц” се развел од пејачката Илма со која имал син.

Ја завршил фудбалската кариера, а пороците станале дел од неговото секојдневие. Фреиташ починал во санаториум во 1959 година, на 39-годишна возраст, како последица од сифилис. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk