Колку минути им се потребни на светските богаташи да заработат просечна македонска годишна плата?

Супермен

05/08/2020

11:35

1.752

Големина на фонт

а а а

Колку време им е потребно на Безос, Цукерберг или пак Маск да ја заработат вашата месечна плата? Таквите бројки сега се достапни на страницата simpletexting.com.

Иако коронавирусот влијаеше на многу работи во светот дел од светските богаташи не само што не изгубија пари, туку го зголемија своето богатство.

Најдобриот пример за тоа е Џеф Безос чија вредност неодамна за само еден ден порасна за неверојатни 13 милијарди долари.

Моментално тој е тежок над 180 милијарди долари и се поочигледно е дека наскоро би можел да стане првата личност во светот која што ќе ја разбие границата од 200 милијарди долари.

Тој секако дека не е единствениот богаташ кој што профитираше од пандемијата, со зголемување на вредноста на акциите можат да се пофалат и компаниите на Маск и Бил Гејтс.


За нашиот стандард нивното богатство е непроценливо, а колку време им е потребно да заработат една просечна плата или пак кредит, може да се провери на калкулаторот направен на страницата simpletexting.com.

Бројките се фокусирани само на шефовите на најголемите технолошки компании - од Безос, Џукерберг, Маск, Кук и други.

Нивната заработка пресметана е врз снова на јавно достапните податоци од берзите и односите со основната плата, годишните берзи, наградите кои што ги добиваат во акциите и други компензации.

Бројките и годишната заработка на богаташите се неверојатни, а за нив не им е потребно многу време (станува збор за неколку минути, барем кога е во прашање Безос), за во џебот да стават една просечна плата за која што Македонец работи - и тоа на годишно ниво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk