Во Европа е Golf, а кој е најпродаван модел во светот?

Точка

07/08/2020

16:42

3.623

Големина на фонт

а а а

Додека на европскиот пазар доминираат моделите на Volkswagen, титулата најпродаван модел во светски рамки заврши кај Јапонците.

Конкретно, најпродаван модел во првите шест месеци од 2020-та година е Toyota Corolla. Во годината која тешко ја погоди автомобилската индустрија, јапонската компанија сепак успеа да задржи добар дел од клиентите кои се одлучуваат за компактни возила.

Имено, во периодот од јануари до јуни оваа година, ширум светот се испорачани 502,949 примероци на Toyota Corolla, со релативно мал пад на продажбата на годишно ниво од 15,4%.


Втор најпродаван модел во светот е Ford F-Series со 434,791 продадени примероци и пад од 19,3%, додека на третото место се наоѓа уште еден модел на Toyota - станува збор за RAV4 со 425,800 примероци и пад од 4,4%.

Следува Honda Civic на 4-то место (305,803; -26,2%), па Chevrolet Silverado на 5-та позиција (294,263; +2.3%).


Меѓу Топ 10-те најпродавани модели се Honda CR-V (292,193), RAM пикап (283,672), Toyota Camry (275,360), Volkswagen Tiguan (261,874) и Volkwagen Golf (215,084) кој и натаму е европски бестселер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг