Експлозија во Балтимор разнела неколку куќи, едно лице загинало

Точка

10/08/2020

21:00

3.047

Големина на фонт

а а а

Во силна експлозија на гас во понеделникот во Балтимор едно лице го загубило животот, три биле тешко повредени, додека пет лица се заробени во урнатините, меѓи кои има и деца, објавиле пожарникарите и медиумите.

"Една возрасна жена загина", објавиле балтиморските пожарникари на својот профил на Твитер, додавајќи дека три лица се во критична состојба. 

"Неколку домови експлодираа. Најмалку пет лица се заробени, меѓу нив и деца", објавиле пожарникарите.

Експлозија на природен гас

"Baltimore Sun" објавил дека станува збор за експлозија на природен гас, наведуваат пожарникарите, но нагласиле дека не е познато како дошло до експлозијата.

Снимките од телевизијата "WBFF" го покажале редот од куќи кои експлозијата ги уништила во целост, додека спасувачите се качуваат по урнатините во потрага по заробените.

Наводно, спасувачите стапиле во контакт со едно лице кое се наоѓа под урнатините.

Се затвора гасот во соседните згради

Службениците од балтиморската гасна и електроенергетска компанија и Канцеларијата за итни состојби се на терен, објавил "Baltimore Sun".

"Екипите работат на затворање на гасот во зградите во непосредна близина. Кога гасот ќе биде затворен, ќе можеме да ја процениме ситуацијата", рекол портпаролот на компанијата "Richard Yost".

Некои луѓе велат дека ја почувствувале експлозијата од подалеку, а на некои соседни куќи им биле скршени прозорците и вратите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг