Холивудскиот актер од акционите филмови ужива со 38 години помладата вереница – ги покажаа и извајаните тела

Супермен

11/08/2020

12:13

4.611

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата од акционите филмови била фотографирана на плажа со својата ''новопечена'' вереница.

Шведскиот акционен актер, режисер, продуцент, мајстор за боречките вештини и дипломиран инженер по хемија Долф Лундгерн (62), бил фотографиран со својата вереница Ема Крокдал (24) додека уживале на плажа на Малибу.

Заљубениот пар бил фотографиран додека лежеле на песочната плажа, а потоа славниот актер се разладувал во океанот.


И двајцата носеле темни очила за сонце и имале ланчиња на вратот, а ги покажале и своите згодни тела.

Долф иако има 63 години, има затегнат стомак, гради и раменици, а Ема постојано го бакнувала и галела.


Да ве потсетиме дека легендарниот актер неодамна во Стокхолм ја запроси преубавата русокоса која што работи како личен тренер, а среќната вест ја објавија на социјалната мрежа Инстаграм.

„Нешто навистина специјално се случи тука во Шведска. Долф ја сака Ема“ - напишал популарниот актер под објавата на социјалната мрежа Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk