Со оваа ракета Илон Маск сака да ја освои вселената! Огромна е, но...

Точка

13/08/2020

19:25

4.469

Големина на фонт

а а а

„Starship“ ќе може да прими 100 луѓе или пак да има носивост од 100 тони.

Компанијата „SpaceX“ неодамна успешно ги тестираше моторите на огромната „Starship“ ракета која што во иднина, според најавите на Маск, треба да ги пренесе астронаутите до Месечината, Марс, но и на други планети во нашиот Сончев систем.

Ексцентричниот милијардер ја сподели фотографијата од својата ракета на социјалната мрежа Твитер, која што моментално е лоцирана во „SpaceX“ базата во Тексас.

Импозантна величина

На фотографијата може да се види SN5 кој што го имаше пробниот лет, како и новиот SN6 модел.

И покрај тоа што станува збор за рана фаза од производството, ракетата делува импозантно.

Планирано е во основата да биде висока 50 метри, со пречник од 9 метри.

Но, „Starshp“ ќе биде висока 122 метри!

Маск најавил дека ракетата ќе може да прими 100 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг