Канал 5, повикувајќи се на партиски извори, објави дека е договорен е премиер по принципот три години Зоран Заев, една Насер Зибери.
СДСМ и ДУИ се договорија за влада и премиер по принципот 3+1. Тоа значи дека 3 години премиер ќе биде Зоран Заев, а една година Насер Зибери, објави Канал 5, повикувајќи се на извори од партијата.
Освен тоа, на ДУИ му е доделено и управувањето со УЈП и Министерството за внатрешни работи.