Откриено колку заработува Путин – еве што сè поседува рускиот претседател...

Точка

14/08/2020

20:15

7.777

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин во 2019-та година заработил 133.400 долари.

За разлика од Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин заработил 249.700 долари, покажуваат официјалните податоци објавени на сајтот на Кремљ и руската влада.

Путин во 2018-та година пријавил приход од 118.600 долари.

Имотната карта на Путин останува непроменета. Тој поседува стан од 77 квадратни метри, гаража од 18 квадрати, два стари модели автомобили од марката „Volga GAZ M21“, како и теренско возило „Lada Niva“ и приколка „Skif“.

Рускиот претседател моментално како шеф на државата користи стан од 153 квадратни метри и гаража од 18 квадрати.


Целиот негов имот се наоѓа во Русија.

Кога станува збор за приходот на премиерот Мишустин, тој е стекнат во текот на работењето во Федералната даночна управа и врз основа на депозит од претходно заработени средства, пренесува „TASS“.

Според објавениот документ, Мишустин нема сопствен имот, туку користи државен стан од 141 квадрати заедно со сопругата и малолетните деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг