ДУИ: Останатите партии на Албанците да престанат да ни ги поткопуваат преговарачките позиции

Макфакс

15/08/2020

17:05

885

Големина на фонт

а а а

Напуштањето на заедничката тркалезна маса од страна на албанските парламентарни партии и нивното стоење по ходниците на седиштата на македонските партии е продолжение на поделбата на Албанците, сметаат од ДУИ.

Од партијата на Ахмети велат дека останатите партии од албанскиот болк сакаат да го дефокусираат поразот на изборите и да ги ослабат преговарачките позиции на албанскиот победник на парламентарните избори.

„Се обидуваат својот партиски неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци со тоа што ќе стојат на ред во ходниците на македонските партии со единствена цел да не дадат одговорност пред партиските тела за нивниот континуиран неуспех“, се наведува во соопштението.

Од ДУИ посочуваат дека и покрај ваквиот однос, тие ќе продолжат да ги покануваат да се обединат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг