Коронавирус во РК Вардар: Позитивен е капитенот Стојанче Стоилов?

Точка

25/08/2020

12:38

2.011

Големина на фонт

а а а

Двократниот европски првак РК Вардар се соочува со сериозен проблем во пресрет на дуелот против Нексе во рамките на СЕХА лигата.

Неофицијално, како што пренесува „Екипа“, капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирус. Стоилов бил веќе во самоизолација и е отпишан за дуелот од четвртфиналната фаза во СЕХА лигата.

Неговите соиграчи од Вардар веќе се тестирани и додека се чекаат резултатите, неизвесно е дали ќе се продолжат подготовките за реванш средбата со Нексе која се игра во сабота во 20:45 часот.

Екипата на Вардар изврши тестирање кон средината на минатиот месец кога започнаа и подготовките за новата сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг