Целиот град се претворил во езеро: Неверојатни снимки од Грција по ураганот

Точка

21/09/2020

21:06

6.985

Големина на фонт

а а а

Три лица настрадале од последиците на "медитеранскиот ураган", многу редок вид на бура која во текот на викендот зафатила дел од Грција.

Бурата Јанос корнела дрвја и предизвикала снемување на струја на јонските острови и во подрачјето на западен Пелопенез. 

Потоа се проширила во централна Грција, погодувајќи во главно подрачја околу градовите Кардитса и Фарсале, а потоа го зафатила и Крит.

Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардитса биле поплавени 5.000 куќи. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.

Бури како Јанос за прв пат биле забележани во Грција во 1995-та година, но во последните години се почесто. Слична бура ја погодила земјата во 2018-та година.

Во 2017-та во поплавите смртно настрадале 25 луѓе, а стотици луѓе останале без домови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг