Најголемата дива на Холивуд скршила безброј машки срца, а изгледа неверојатно и во деветтата деценија од животот

Точка

21/09/2020

14:56

3.606

Големина на фонт

а а а

Својата беспрекорна кариера Софија ја започнала во 1950-та година кога имала само 16 години, а се пробила меѓу најголемите светски ѕвезди каде што се наоѓа до денес.

Легендарната Софија Лорен е една од најголемите актерски диви на 20-от век, а со својата убавина и сексуалност не престанува да воодушевува и денес.

Лорен Американскиот филмски институт ја прогласи за најголемата женска ѕвезда во класичен Холивуд, а денеска оваа славна Италијанка го слави 86-от роденден.

Таа исто така учествувала и на многу натпревари за убавина поради паричните награди затоа што потекнувала од сиромашно семејство.

Таа пораснала сама со својата мајка, а на својот татко никогаш не му простила поради тоа што ги напуштил.

Таа во текот на својот живот со него се видела само три пати, но никогаш не сакала да остане во контакт со него.


Врв на кариерата и првиот милион

Првиот филм поради кој Софија ги добила сите пофалби бил „Две жени“ од 1960-та година, каде што ја глумела прекрасната Виториа.

Токму за таа улога во тој филм, Софија го добила и првиот Оскар за најдобра женска улога во филм од неанглиско јазично подрачје.

На врвот од својата кариера Софија во 1964-та година се појавила во филмот „The Fall of the Roman Empire“, каде што добила хонорар од еден милион долари, што во тоа време била неверојатна сума пари.


По големите успеси, Софија станала и првата ѕвезда која што лансирала сопствена линија парфеми. Исто така таа лансирала и линија на очила за сонце.

Таа исто така кршела многу машки срца во текот на својот живот. Гламурозната дива целиот свој живот ја фасцинирала јавноста и своите обожаватели, а и денес гордо и самоуверено шета по црвените теписи.

Таа е добитничка на многубројни престижни филмски награди, а нејзините полици ги краси и една Греми награда.

Горда сопственичка е и на Оскар за животно дело, а денес е една од најголемите легенди во филмската индустрија.





Спонзорирани линкови

Маркетинг