Омилените PlayStation игри стануваат ексклузиви на Xbox? Microsoft ја купи Bethesda!

Точка

21/09/2020

19:45

1.354

Големина на фонт

а а а

Microsoft и официјално го купи познатиот издавач на видео игри Bethesda, со што Xbox дефинитивно ќе се обиде да му зададе сериозен удар на PlayStation.

Покрај тоа што конзолата мора да биде хардверски моќна, исто така важна работа е да има одлична понуда на видео игри, нешто што е рецепт за успех на Sony.

Како што пишувавме, Xbox Series X ќе го има најмоќниот хардвер, а откако Microsoft го купи Bethesda за 7.5 милијарди долари, сега станува јасно дека оваа конзола ќе добие и одлични ексклузиви.

Конкретно, Microsoft ја купи ZeniMax Media групацијата во чија што сопственост е Bethesda. Оваа аквизиција ќе му овозможи на Microsoft да ги контролира големите наслови кои што ќе доаѓаат, како на пример Starfield.

Со купувањето на Bethesda, Microsoft ќе има 23 студија, меѓу кои се Arkane, MachineGames, id Software и Tango Gameworks.

Инаку, Doom, Fallout, The Elder Scrolles, Dishonered, Wolfenstein, Quake и многу други одлични игри се продукти токму на Bethesda.



Спонзорирани линкови

Маркетинг