Филипче најави можно воведување на нови мерки: Задолжително носење маски на отворено, ограничен број на луѓе во угостителски објекти, засилени контроли...

Точка

22/09/2020

14:09

5.073

Големина на фонт

а а а

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека главната причина за ширењето на коронавирусот е непочитување на мерките.

Со оглед на фактот дека летото е веќе зад нас, а ризикот кој го носи есенскиот период може да донесе зголемен број заразени од Ковид-19, министерот изјави дека е можно воведување на нови мерки. 

„Во следниот период ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките, сите инспекторати и инстистуции задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат на тоа, апелирам состојбата да се сфати сериозно“, изјави Филипче.

Следните денови од министерството ќе информираат за можни нови мерки, а како дел од мерките се и задолжителното носење маски на отворено и ограничен број на луѓе во угостителски објекти.

„Дел од мерките кои ги разгледуваме се здолжително носење на отворено, ограничување на бројот на маси во угостителски објекти, ограничен број на луѓе во угостителски објекти и ограничен број на луѓе при групирање, прецизен протокол за работа на угостителските објекти, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, рече министерот и додаде дека целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето, но истите ќе бидат воведени, доколку тоа е нужно.

Филипче изјави дека состојбата кај нас, како и секаде во Европа се влошува со завршувањето на летото.

„Според анализата на Комисијата за заразни болести, од почетокот на епидемијата најголем број на случаи се регистрирани во Скопје“, рече Филипче. 

Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените се покажало дека тие не ги почитувале мерките, учествувале во собири и не држеле дистанца. Статистиката покажува дека пациентите над 60 години се најзастапени меѓу заразените, посочи министерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг