Карим Бензема ги исплаши фановите: Французинот објавил „чудна“ фотографија – еве за што станува збор

Супермен

28/09/2020

09:16

2.640

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема веќе со години е важен офанзивец на Реал Мадрид, а по заминувањето на Кристијано Роналдо, фановите на Реал оправдано се исплашиле по јавното објавување на фотографиите на Бензема.

Францускиот напаѓач на социјалните мрежи прикачил фотографија по третман хиџама со 10 испакнатини на телото, но многумина кои што ја виделе фотографијата прво не знаеле дека станува збор за тоа.

Хиџама е метод кој се изведува со засекување на кожата со помош на стерилни инструменти, а потоа се врши вакуум сукција од која што остануваат неколку денови кружни прстени по телото.

Сето тоа се прави со цел елиминирање на содржините од поткожното ткиво, затоа што се смета дека крвта која што е под кожата е преполна со токсини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk