Малкумина знаат дека Бред Пит има помлад брат – еве кој е тој, како изгледа и со што се занимава

Супермен

01/10/2020

10:16

2.470

Големина на фонт

а а а

Даглас Пит е помладиот брат на холивудскиот актер Бред Пит, но тој живее подалеку од очите на јавноста. Тој е успешен претприемач, инвеститор и филантроп.

Холивудскиот миленик Бред Пит и неговиот брат Даглас изградиле целосно поразлична кариера, но и двајцата се многу успешни во тоа со што се занимаваат.

И, додека Бред ги крши срцата на жените ширум светот, Даглас е претприемач, инвеститор и филантроп.

Инаку, Даглас е три години помлад од популарниот брат Бред, а додека актерот и понатаму има спор со својата поранешна сопруга околу децата и зад себе има два пропаднати брака, неговиот брат е во среќен брак.


Тој со Лиса Пит пред олтарот застанал во 1990-та година, а заедно имаат три деца, Ландон, Сиднеј и Реган.

Од 2010-та година Пит е амбасадор во „Goowdill“ Танзанија, а го основал и „Care To Learn“ која што ги финансира децата кои шо имаат недостаток на храна, хигиена и лекарска помош.


Тој е и сопственик на информатичката фирма „ServiceWorld“ која што ја основал во 1991-та година, а се занимава и со продажба на недвижнини.

Тој неколку пати признал дека фотографијата му е една од најголмите страсти и омилено хоби, а со тоа во слободно време се занимава во последните 20 години. Имал и изложби низ САД, а неговите фотографии се појавиле во многубројни американски и меѓународни списанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk