Искрено со Лина Пејовска: „Не ми пречи популарноста, ме застануваат на улица за да се сликаат, секојдневно ми праќаат видеа...“

Точка

08/10/2020

21:38

46.471

Големина на фонт

а а а

Македонската јавност ја запозна 18-годишната Лина Пејовска по нејзиното појавување во српското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, каде го освои жирито и публиката од целиот Балкан. Оттогаш Лина е незапирлива. Таа неуморно работи на создавање нова музика, а нејзиот успех е видлив и по милионските прегледи на нејзините песни на Јутјуб. Во продолжение прочитајте го интервјуто со младата пејачка Лина Пејовска.

Уште на 14-годишна возраст некако се 'протна' во светот на возрасните. Колку ти недостасуваше тоа да имаш 'нормално' детство?

Па добро, тогаш сѐ уште не бев запознаена и не бев свесна што може да ме очекува понатаму, па затоа тоа „детство“ го живеев најдобро што можам, но секако со тек на времето веќе кога сфатив што всушност ми се случува одлучив да се посветам максимално на себе за да дојдам до тоа што го имам зацртано во мојата глава.

View this post on Instagram

⚡️

A post shared by Lina (@pejovskalina) on

Колку популарноста ти помага или пречи во секојдневниот живот?

Популарноста не можам да кажам дека ми пречи, ме застануваат на улица за да се сликаат, секојдневно ми праќаат едитирани видеа од мене и гледам колку ме сакаат и почитуваат луѓето, но на крајот од денот јас можам да кажам дека сум истата Лина што бев. Не сакам и не планирам да се променам поради таа популарност. Се дружам и сакам да се дружам.

Од која светска музичка ѕвезда црпиш најголема инспирација?

Ја следам јавната сцена, гледам што се случува. Светска музичка ѕвезда од која црпам инспирација е дефинитивно Јелена Карлеуша, знам дека е од Балканот меѓутоа според мене, а претпоставувам и многумина таа е нешто светско. Што би рекле ние „светско, а наше“.

Кој ти помага во изборот на песни и соработници?

Во изборот на песни најчесто е тука сестра ми. Со нејзе најпрво се консултирам и секако со моите родители. Тие ми се најголемата поддршка.

Милионски прегледи на Јутјуб на толку мала возраст. Колку ти значи тоа?

Еве веќе наполнив 18 години и сѐ уште не можам да си поверувам дека имам веќе 5 песни, од кои 3 ми се со милионски прегледи. Тоа чувство не се опишува. Пресреќна сум и сакам јавно да се заблагодарам на публиката што ме следи и поддржува уште од самиот почеток.

Која твоја песна ти е најдрага и зошто? 

Моја најдрага песна е „Нека те боли“. Се имам пронајдено до некаде во таа песна и ја пеам со искрени емоции.

Твојата професија е доста комплексна, постојано бара ангажираност - снимање песни, преработки, спотови, фотосесии, интервјуа... Кога Лина наоѓа време за љубов?

Како што кажа, оваа професија бара преголема ангажираност, но да бидеме искрени секогаш се наоѓа време за љубов. Само треба да се има желба.

Имаш искуство со настапи надвор од нашите граници. Што најмногу ти пречи кај нашата естрада?

Да, имам искуство надвор од нашите граници. Искрено, не ми пречи ништо, само недостига таа организација за да биде се како што треба. Не може да се спореди тоа од надвор со нашата естрада.

Бекстејџ нѝ откри неколку работи кои малкумина ги знаат за тебе. Но, ќе нѝ ја откриеш ли твојата најголема тајна?

Мојата најголема тајна нема да ја откријам... Не бадијала се вика тајна (се смее).

Што ново подготвува Лина, која е следната песна која ќе ти донесе милионски прегледи?

Подготвувам нови проекти во соработка со Дарко Димитров и Милан Радулович Лача. Наскоро ќе дознаете што всушност ќе биде. Бидете само трпеливи.

Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг