Во цревата се наоѓа целото ваше здравје - исчистете ги со традиционална метода која проверено успева

Точка

14/10/2020

17:20

7.697

Големина на фонт

а а а

Многу е важно да спроведувате прочистување на организмот од токсини. Постојат разни методи на детоксикација, а еден од најдобрите е чистење на цревата со ориз.

Исфрлањето на токсините со помош на ориз дава многу добри резултати, а иако има свои варијации, истото е многу корисно. 

- Земете обичен ориз, онолку супени лажици колку што имате години.

- Добро измијте го и ставете го во стаклена тегла.

- Наполнете ја теглата со топла зовриена вода, затворете ја со капак и оставете ја во фрижидер.

- Наутро процедете ја сета вода.

Земете една полна лажица ориз и варете го 3-4 минути без сол (во друга, обична вода). Изедете го на празен стомак, пожелно до 8 и пол часот наутро.

- Преостанатиот ориз повторно прелијте го со зовриена изладена вода и оставете го во фрижидер до следното утро.


- Оваа процедура за прочистување на организмот повторувајте ја секој ден додека има ориз во теглата.

Тајната на овој метод се крие во зрната ориз кои имаат кристална структура. Кога зрната ќе се потопат во вода, од нив излегува скроб. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па неговите зрна дејствуваат како апсорбент (впивач).

Со овој метод се прочистуваат цревата, крвните садови, зглобовите и другите делови на организмот од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на организмот со ориз помага да се нормализира метаболизмот и го регулира вишокот телесна тежина.

По третманот, не само што ќе се чувствувате поздраво туку и повитално и помладо.

Но, постои еден услов: по земањето ориз наутро пожелно е да не јадете и да не пиете најмалку 3 часа. По ваквото прочистување на организмот исчезнуваат болките во грбот, вратот и зглобовите. Ефектот на третманот не е моментален, туку постепен. Не заборавајте да внесувате течности во организмот – минимум 2 литри дневно во форма на вода и зелен чај.

Пред употреба на природни лекови, задолжително консултирајте се со својот лекар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг