Винтиџ материјал број 1: Оваа есен и зима носиме сомот од глава до пети

Точка

19/10/2020

18:17

2.765

Големина на фонт

а а а

Сомотот спаѓа во материјалите кои или многу ги сакате или воопшто не ги сакате, но без разлика какво е вашето мислење, факт е дека станува збор за топол материјал кој е дефинитивно најдобар избор за студените месеци.

Освен што грее, тој е ретро и елегантен и овие есен и зима е материјал број 1! 

Негативниот впечаток за сомотот, луѓето воглавно го имаат бидејќи некогаш доаѓаше само во кафеави и беж нијанси, но сега ситуацијата е потполно поинаква.

Покрај неизоставните класични сомотски бои, тука е и широката палета на пастелни и впечатливи нијанси, а начините за комбинирање се навистина бројни.

Сакоата и панталоните во боја на чоколадо или некоја друга кафеава нијанса делуваат ретро, а дебелите црни чизми или старки ѝ даваат доза на модерен шик на целата комбинација.

Оделата од сомот и беретката даваат исклучителна модна формула, под влијание на војничкиот стил кој е популарен веќе неколку години.

Класичниот крој во пастелни розови нијанси е знак за практична елеганција во секоја гардероба, а за љубителките на впечатливите тонови, сомотот добро се снаоѓа и во палета од нежно розови до корални нијанси.

Одлично изгледа во варијанта на широки панталони со висок струк, со некој атрактивен ремен...

Во продолжение ви претставуваме неколку начини како оваа зима да го носите топлиот, ретро и ултрапосакуван сомот!



Спонзорирани линкови

Маркетинг