„Да знае цел град дека си говедо“ - генијална кампања во Љубљана: Паркираш на место за инвалиди? Завршуваш на билборд!

Супермен

20/10/2020

15:24

2.247

Големина на фонт

а а а

Љубљана вовела новини кога е во прашање борбата против несовесните возачи кои се паркираат на места предвидени за возила на лица со инвалидитет.

Со оваа генијална постапка, властите на главниот град на Словенија станаа хит на социјалните мрежи, а истата кампања би било добро да се спроведе и кај нас...

Имено, Љубљана решила секој неодговорен возач кој ќе се паркира на место резервирано за автомобили на лица со инвалидитет, да го „објави“ на градски билборд со наведениот сообраќаен прекршок, за сите да знаат за кој станува збор.

Ова, како што многу корисници на социјалните мрежи го нарекоа „табла на срамот“ е одлична работа бидејќи секојдневно сме сведоци на возачи со „бесни“ автомобили кои паркираат на места кои не се наменети за нив.

„Во Љубљана, освен што парично те казнуваат поради паркирање на места за инвалиди и слично, ти го објавуваат името на билборд со сторениот прекршок, да знае цел град дека си говедо. Браво Љубљана“, гласи твитот кој стана вистински хит на оваа социјална мрежа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk