Кина наведува дека тестирала вакцини против Ковид-19 на 60.000 луѓе, без несакани ефекти

Точка

20/10/2020

18:21

1.685

Големина на фонт

а а а

"Напредуваат клиничките тестови на фазата три за четири кинески вакцини", им рекол на новинарите службеникот на Министерството за наука и технологија Тијан Баогуо. Поради малиот број на нови случаи нема услови за спроведување на понатамошни тестови.

Околу 60.000 луѓе во повеќе земји ја примиле експерименталната кинеска вакцина против Ковид-19 во рамките на четири клинички проби, рекол денеска во Пекинг висок државен службеник, наведувајќи дека ниедно тестирано лице немало несакани последици. 

Кина, каде новиот коронавирус се појавил кон крајот на минатата година, успеала исто така да ја искорени епидемијата на својата територија. Таа е меѓу земјите чии истражувања за потенцијална вакцина најмногу напредувале.

"Напредуваат клиничките проби од фазата три за четири вакцини", им рекол на новинарите службеникот на Министерството за наука и технологија Тијан Баогуо и додал дека околу 60.000 волонтери примиле една од тие експериментални вакцини против Ковид-19.

"Никакви сериозни несакани ефекти не се забележани", рекол тој.

Фазата три е последната фаза пред одобрувањето на вакцината.

Повеќе кинески произведувачи се подготвуваат да произведат вакцина против Ковид-19, како што се компаниите Синовак и Синофарм.

Тие два фармацевтски гиганти мора да се завртат кон странство за да ги вршат тестовите, посебно кон Бразил, Индонезија и Турција.

Во Кина, каде се бележат мал број на новозаразени на дневно ниво, нема повеќе услови за спроведување на клинички тестови од фазата три, рекол Тијан.

Ниедна вакцина во светот уште не добила одобрение за комерцијална дистрибуција на големо.

Меѓутоа, кинеските власти дале зелено светло за употреба на некои од нивните вакцини во итни случаи.

Од јули, стотина илјади луѓе кои работат на места како пристаништа, болници и други зони на висок ризик, веќе примиле вакцина по тој основ.

Кина смета дека до крајот на годината ќе биде подготвена да произведе 610 милиони дози годишно од повеќе вакцини против Ковид-19.

Тоа годишно производство би требало да се зголеми на една милијарда дози до 2021-ва година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг