Пирло за Мората: Ова не е истиот играч кој го запознав пред неколку години

Дерби

21/10/2020

14:22

3.201

Големина на фонт

а а а

Во отсуство на Кристијано Роналдо, Алваро Мората ја презема одговорноста во нападот и вчера постигна два гола на гостувањето во Киев, обезбедувајќи ја првата победа за Јувентус на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Мората се претвори во прв избор на управата на Јуве и тренерот Андреа Пирло откако стана јасно дека Луис Суарез е невозможна ситуација, а по неговиот блесок во најелитното натперварување, тренерот на „старата дама“ не го криеше задоволството што сега наишол на далеку поразличен играч од пред неколку години.

Шпанецот му беше соиграч на Пирло додека овој беше лидер во средниот ред на италијанскиот првак, но сега Андреа како тренер увидел неколку клучни разлики во Мората, кои прават огромна разлика на теренот.

– Тој се врати во Торино со огромна желба и мотив за игра, се врати како маж. Сега е маж, ова е друг играч. Првиот играч кој јас го сретнав беше дете кое дојде од Реал Мадрид и кое го напуштило својот дом.

– Сега е комплетен играч, се врати друг играч, вистински маж кој има огромна самодоверба. Може да биде само подобар за нас, - вели Пирло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг