Скопје се претвори во најголемо жариште на коронавирус во Македонија, бројот на активни случаи расте

Точка

21/10/2020

19:31

3.078

Големина на фонт

а а а

Само во текот на изминатото деноноќие, на територијата на главниот град на земјава се регистрирани рекордни 325 новозаразени со коронаавирус.

Вториот бран на пандемијата на коронавирусот во земјава зема голем замав, а најголемо жариште е Град Скопје. Паралелно со растот на бројот на новозаразени, во Скопје расте и бројот на активни случаи, кој моментално според податоците на Министерството за здравство се искачи на 2,983.

На подрачјето на Град Скопје, најголемо жариште е општина Аеродром со 592 активни случаи, а следуваат Карпош со 479 и Центар со 476 активни случаи на коронавирус.

Еве како се распределени активните случаи во скопските општини и околината:

• Аеродром – 592

• Карпош – 479

• Центар – 476

• Гази Баба – 353

• Кисела Вода – 332

• Ѓорче Петров – 240

• Чаир – 134

• Бутел – 122

• Илинден – 49

• Сопиште – 25

• Сарај – 23

• Петровец –20

• Шуто Оризари – 17

• Чучер Сандево – 11

• Арачиново – 9

• Зелениково – 9

• Студеничани – 6



Спонзорирани линкови

Маркетинг