Шпанија стана првата западноевропска земја со над милион случаи на инфекција

Макфакс

21/10/2020

20:38

466

Големина на фонт

а а а

Шест недели откако стана првата западноевропска земја што забележа 500.000 случаи на инфекција со коронавирус, Шпанија денес премина над еден милион заразени, пишува „Гардијан“.

До вечерва се регистрирани 1.005.295 случаи на инфекција со коронавирус во земјата. Минатата недела починаа 575 лица, со што вкупниот број на смрни случаи достигна 34.366.

Шпанските власти во моментов размислуваат за полициски час, а во земјата се водат политички дебати кои се закануваат да ги загрозат досега направените напори за време на вториот бран.

Во регионот на Мадрид, кој покрива речиси една третина од сите заразени во Шпанија, постојат спорови на ниво на централна и регионална влада за тоа какви мерки треба да се преземат. Претседателката на регионот Изабел Дијаз Ајусо денеска вети хируршки мерки што ќе ги поврзат здравството и економијата.

„Најважно за нас е економијата повеќе да не страда“, рече таа.

Покрај епидемијата, Шпанија ја тресе и политичката криза. Во моменти кога земјата надмина милион заразени, шпанскиот Конгрес започна расправа за иницијативата за недоверба против коалициската влада предводена од социјалистите, поднесена од крајно десничарската партија „Вокс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг