Пандев: Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на ЕП, ќе бидеме изненадување на шампионатот

Дерби

13/11/2020

10:58

2.431

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација во раните утрински часови се врати во нашата држава каде беше пречеката од владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев.

На граничниот премин Блаце свое кратко обраќање пред сите присутни имаше капитенот Горан Пандев кој едноствано не можеше да ги сокрие емоциите за овој историски успех и пласман на националниот тим на Европското првенство кое е на програмата наредната година, а на кое во групната фаза ќе се соочиме со Холандија, Австрија и Украина.

- Какво е чувството? Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП. Добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. Среќен сум, ми се отсвари желбата, сонот, не само на мене туку на сите на овие момци на цела Македонија, - рече Пандев и додаде:

- Сега треба да се прикажеме во одлично светло, јас верувам во овие момци затоа што имаат квалитет, знаење и мислам ќе бидеме големо изненадување на ЕП, - порача напаѓачот на Џенова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг