Мажи, денеска е ваш ден: Дали знаете кое е значењето на Меѓународниот ден на мажите?

Супермен

19/11/2020

13:02

1.303

Големина на фонт

а а а

На 8 март, од 1909 година се одбележува Меѓународниот ден на жената, а секој 19 ноември од 1999 година се одбележува Меѓународниот ден на мажите.

Иако Денот на жената има подолга традиција и социјално-културолошко значење во контекст на борбата на жените за рамноправно место во општеството, празникот на мажите негува многу слични и антипатријархални вредности, што може да биде изненадување за оние кои не знаат што всушност значи Денот на мажите. 

Меѓународниот ден на мажите за првпат бил одбележан во 1999 година на Тринидад и Тобаго, а клучните вредности се ослободување од социјалните стеги и поддршка на менталното и физичкото здравје.


Зборувајќи во име на УНЕСКО, директорката на жените и културата на мирот, Ингеборг Бринес рече за Меѓународниот ден на мажите: „Тоа е одлична идеја што ќе придонесе за рамнотежа на половите“.

Една од темите со кои се занимава овој меѓународен ден е токсичната мажественост. Станува збор за традиционалната улога на мажите од кои се очекува секогаш да бидат со „ладна глава“ и емотивно дистанцирани. Токсичната мажественост спречува пред сè мажите да се развиваат, адаптираат и да го променат својот живот.

Целта на двата празници е да се постигне баланс и да се развие општество кое нема да посочува со прст кон она за кое некој рекол дека е исправно, а всушност доведува до проблеми и со самото тоа до – нерамноправно општество.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk