Влегол во ресторан, нарачал пиво кое чинело 7 долари, го испил, па оставил бакшиш од 3.000 долари - еве зошто...

Супермен

24/11/2020

17:25

11.583

Големина на фонт

а а а

Откако се случило тоа, сопственикот на ресторанот трчал по својот муштерија мислејќи дека станува збор за некаква грешка.

Муштерија на еден ресторан во Кливленд, оставил бакшиш од три илјади долари откако испил само едно пиво. Тоа се случило непосредно пред затворање на ресторанот во кој што тој бил, како последица од пандемијата коронавирус.

Според тврдењата на сопственикот на угостителскиот објект Брендан Ринг, мажот влегол во ресторанот и побарал пиво кое што чинело само седум долари.

Како што напишал на социјалната мрежа Фејсбук, гостинот му посакал само добро и му порачал дека оставил бакшиш и за неговите четири работници.

So just before we closed today at Nighttown a customer walked in and ordered a beer and asked for the check and handed...

Posted by Brendan Ring on Sunday, November 22, 2020

Додека гостинот излегувал од ресторанот, Ринг сфатил дека тоа „добро“ всушност се високи 3.000 долари.

„Потрчав по него и го прашав дали станува збор за некаква грешка и дека ќе се видиме некогаш во иднина кога ресторанот повторно ќе биде отворен“, раскажал сопственикот.

Ринг изјавил дека мажот не сакал да се спомнува неговото име и дека тој и неговите работници се навистина благодарни од срце поради овој неверојатен и редок потег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk