ТОЧКА ТВ: Што сè "Google" знае за нас?

Точка

25/11/2020

20:33

3.000

Големина на фонт

а а а

За "Google" да ни помогне и да ни го олесни животот, за возврат бара некои навидум основни податоци. Меѓутоа, сигурни сме дека многумина немаат претстава колку всушност "Google" знае за своите корисници.

Количината на податоци кои "Google" ги чува за вас и вашата локација е шокантна. "Google" ја знае вашата локација и секогаш кога ќе го вклучите телефонот ги гледа вашите активности и движења од првиот ден кога сте почнале да го користите на вашиот телефон. 

Покрај тоа, споделува "скриншотови" од секое место што сте го посетиле во последната година.

"Google" во посебна база чува и податоци од вашата историја на интернет пребарувања на сите уреди.Дури и кога ќе ја избришете својата историја, "Google" и натаму ќе ја чува.

Повеќе на приложеното видео на Точка ТВ:




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk