Ова е човекот кој сè уште не знае дека Марадона е мртов: „Му го исклучивме телевизорот, не смее да дознае...“

Точка

26/11/2020

18:46

6.135

Големина на фонт

а а а

Менторот и поранешен селектор на Диего Армандо Марадона, Карлос Салвадор Билардо, сè уште не знае дека популарниот Аргентинец починал.

Билардо го сакал Ел Пибе како роден син и веста за неговата смрт би можела да го уништи, затоа семејството не го известило за трагичниот настан.

Инаку, Билардо има 82 години и се наоѓа во тешка здравствена состојба, па неговите најблиски сакаат да го поштедат од ужасните вести.


„На Карлос му го исклучивме телевизорот, не сакаме да дознае за смртта на Диего затоа што многу го сакаше и тоа ќе го боли многу, доколку дознае и тој ќе почине. Диего за Карлос беше син кој што никогаш не го имал. Многупати застана во негова одбрана и го носеше со себе каде и да одеше“, вели братот на популарниот тренер.

Билардо го постави Марадона на позиција капитен на Аргентина на СП во Мексико, кога Диего го водеше својот тим до светската титула.




Спонзорирани линкови

Маркетинг