Еве за што размислуваат мажите во текот на сексуалниот однос

Супермен

27/11/2020

16:00

4.675

Големина на фонт

а а а

Стереотипното размислување за тоа дека жените се тие кои што најмногу се грижат поради несигурноста можеби сепак не е точно во целост, затоа што ниту мажите, особено за време на сексуалниот однос кога мора да се докажат, не се имуни на стравот.

Дури и најголемите заводници понекогаш се несигурни, а најчестите причини за тоа се следните:

Раце

Каде со рацете во текот на сексуалниот однос е прашањето кое што ги загрижува мажите, затоа што често не знаат дали поради нив ќе се покажат како неискусни. Над, под, одстрана... Опциите се разни, а времето кратко - сепак мора да одржат рамнотежа.

Тежина

Ниту на мажите не им е сеедно како изгледаат кога облеката ќе заврши на подот. Дали вежбањето вродило со плод? Таквите дилеми во моментот на опуштање создаваат дополнителен психолошки притисок кој што може да влијае на перформансите во клучниот момент.


Оргазам

На сите мажи оргазмот им е цел при сексуалниот однос. Но, целта кон него често може да ги спречи во размислувањето дали и нивната партнерка ќе доживее оргазам. Во тоа, како и во многу работи во текот на сексуалниот однос, клучната улога ја игра жената затоа што нејзината позитивна реакција и тоа како е посакувана од страна на мажот.

Големина

Вечното прашање и грижа на секој маж е големината на неговиот полов орган. Таа можеби е важна, а можеби и не, но на мажите им била и секогаш им останала најважна. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk