62-годишна жена дала неколку илјади евра за пластични операции: Сакала да изгледа помладо за 26-годишниот сопруг

Точка

28/11/2020

18:29

4.167

Големина на фонт

а а а

Една жена од Виетнам потрошила околу 3.500 евра за пластични операции, за да му биде убава на својот 36 години помлад маж.

Имено, Хоа Чуонг Ту Шао (62) една година одела на третмани, но, како што рекла, не затоа што нејзиниот сопруг го сакал тоа, туку бидејќи таа сметала дека треба да направи такво нешто.

Парот веќе еднаш се венчал, но сега ја повториле венчавката, за таа на фотографиите да изгледа помладо, пренесува порталот „Mothership“.

Posted by Hoa Cương Thu Sao on Понеделник, 10 јуни 2019

Се запознале пред три години, кога таа работела во еден локал. На почетокот одбила да биде со сегашниот сопруг, бидејќи му рекла дека го сака 'како брат', но изгледа дека работите сега се поинакви.

„Овие три години луѓето ја преиспитуваа нашата врска и дури нè напаѓаа, но ние останавме заедно и докажавме дека нашата љубов е вистинска. Многу брзо нѝ поминаа три години, а времето кое го поминавме заедно беше благослов. Таква ќе нѝ биде и иднината“, напишала таа на нејзиниот Фејсбук профил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг