Апасиев со порака до Владата: Ако е вистина дека сте го прифатиле ова, тогаш сте прогласиле војна против народот!

Точка

28/11/2020

23:39

9.945

Големина на фонт

а а а

Лидерот на политичката партија „Левица“ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев доцна вечерва се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сознанија на Димитар Апасиев, Владата наводно прифатила во Договорот со Бугарија да биде прифатено од наша страна дека македонскиот јазик е заснован на западно-бугарски дијалект. Како што порача Апасиев, доколку ова е вистина, тогаш тоа е прогласување на тотална војна против народот.

„Ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!

Со оглед на драматичноста и сериозноста на ситуацијава во која сме доведени како народ, а која може неочекувано да се радикализира и да ескалира во следниов период, искрено апелирам до сите слободомислечки наши сограѓани, да создадеме силен и обединет Опозициски антивладин фронт против ова зло кое Македонија го немала од АСНОМ до денес. Да ги закопаме секирите додека да го кутнеме сатрапот Заев, а после пак ќе "ратуеме" - кој на лево, кој на десно. Ако ова не го сконтаме, пред нос ќе ја изгубиме Републиката, а тешко дека следните генерации ќе си ја повратат. Памет у глава и егото на страна. Долг е патот на Борбата!“, порача Апасиев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг