„LG“ претстави телефон со екран „на извлекување“: Ја менува големината по потреба

Супермен

15/01/2021

16:09

1.196

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите глобални саеми, технолошкиот саем „CES“, секоја година носи некои новитети кои илустрираат дека им нема крај на новите уреди, се додека постои креативноста.

Таков е случајот и сега, кога компанијата „LG“ претстави телефон со екран „на извлекување“.  

„LG Rollable“ поседува екран чија величина може да се менува, па така од облик на телефон преоѓа во облик на таблет. Со други зборови, екранот се извлекува и со тоа ја зголемува својата големина.

„Имаше гласини за овој паметен телефон, а нашиот менаџмент сака да ги потврди. Уредот пристигнува на пазарот оваа година“, изјавил портпаролот на компанијата „LG“. На технологијата на екранот, „LG“ работел заедно со кинескиот „BOE Technology Group“, а се уште нема детали за точно каков екран станува збор ниту колкава точно ќе биде неговата големина.

„LG“ ја започна работата на „Rollable“ во склоп на експериментот „Explorer Project“, a производ на истиот е и „LG Wing“ - телефон со ротирачки дизајн и два OLED екрани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk