Се повлече од јавноста на врвот од својата слава, ја носеше титулата за „најзгоден маж“, а сега откри тајна која вешто ја чувал

Точка

22/01/2021

22:18

11.350

Големина на фонт

а а а

Џош Хартнет во новото интервју открил дека тој и неговата сопруга кон крајот на 2019-та година го добиле своето трето дете.

Актерот Џош Хартнет (43) на почетокот на 2000-тите години беше еден од најперспективните холивудски актери и миленик на жените, но на врвот од својата слава одлучил да се повлече од јавноста.


Во последниве неколку години ретко може да се види на холивудските настани, а нема ниту навика да дава интервјуа за медиумите, но сега сепак одлучил да „издаде“ важен детаљ од својот приватен живот кој што досега успешно го криел.

Во интервју за „Mr. Porter Hartnett“, тој открил дека кон крајот на 2019-та година со својата сопруга го добиле нивното трето дете.

„Најмногу сум горд што сум татко на три деца и што имам прекрасен однос со партнерката“, изјавил актерот и споменал дека работи и на некои нови проекти, но не ги обелоденил деталите.


Инаку, Хартнет и Егертон се венчале во 2012-та година, откако одлучиле да се посветат на семејниот живот и тоа во време кога дел од магазините ширум Хартнет светот го нарекуваа „најзгодниот маж на светот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk