Најдобрите фудбалски голови постигнати од неверојатни далечини

Супермен

22/01/2021

17:52

1.335

Големина на фонт

а а а

Неописливо е чувството кога вашиот омилен напаѓач ќе постигне гол од огромна далечина, нели?

Фудбалот е игра која е возбудлива, интересна и секогаш напната. Никогаш не знаеме што нè чека и резултатот секогаш може да се промени бидејќи топката е кружна. Што и да се случи во текот на натпреварот, најголем наплив на емоции имаме кога тимот за кој навиваме ќе постигне гол.

Голот е тешко достижен и кога нашата екипа ќе успее конечно да го направи тоа, чувството на среќа понекогаш станува неописливо. Меѓутоа, тоа чувство станува уште посилно кога сме сведоци на гол кој никој не го очекувал. Таквите голови се обично оние кои се постигнуваат од неверојатни далечини и обично сите фудбалери остануваат изненадени од таквите погодоци.

Денеска одлучивме да се присетиме само на таквите голови и да ви покажеме една видео компилација од некои од најимпресивните „долги“ шутеви во историјата на фудбалот.

Навалете се удобно во фотелјата и уживајте бидејќи ова видео ќе ве потсети зошто толку го сакате овој спорт:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk