Фановите во неверување што по 23 години го воочуваат овој детаљ во „Пријатели“: „Сте знаеле ли дека во епизодата се појавува вистинскиот татко на Чендлер?“

Точка

26/01/2021

13:27

2.461

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на серијата „Пријатели“ на социјалните мрежи пишуваат дека дури сега откриле интересен детаљ во една од епизодите на веројатно една од најпопуларните хумористични серии на сите времиња.

Имено во епизодата која што го носи насловот „The One With Rachel's New Dress“ се појавува актерот Џон Бенети Пери - таткото на актерот Метју Пери (Чендлер).

Џон во епизодата ја толкува улогата на таткото на момчето на Рејчел - Џошуа.

Во 18-та епизода од 4-та сезона (која што со емитување започна во 1997 година), Рејчел и Џошуа ќе се најдат во станот на неговите родители, кои што на нивно изненадување ќе се вратат порано таа вечер од патувањето и ќе ја затекнат Рејчел во секси ноќница како седи на нивниот кауч.

„Ми се допаѓа, изгледа паметно“, вели тогаш таткото на Џошуа, односно Џон Бенети Пери.

Иако многумина не можат да поверуваат дека не успеале да го воочат тоа досега, објаснувањето сепак можеби се крие во тоа што Метју и Џон во таа епизода никогаш не се појавија во иста сцена, па тоа би можело да биде причината зошто многумина не ја воочиле нивната семејна поврзаност сите овие години.

Џон Бенети Пери веќе 40 години е на холивудската сцена, а се појавил и во многу комедии досега, како и во филмови од други жанрови и ТВ серии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг