Милан Ристовски повторно ќе игра во Словачка

Дерби

26/01/2021

16:34

1.087

Големина на фонт

а а а

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски повторно ќе игра во Словачка и тоа прволигашот од оваа земја Спартак Трнава.

Ристовски кој е член на Ријека до крајот на сезонава ќе биде на позајмица во Трнава каде главна цел ќе биде да биде максимално фит и подготвен по тешката повреда, односно да се врати во посакуваната форма и секако головите.

На Ристовски добро му е познавата Словачка со оглед на тоа што играше одлично во дресот на Нитра. Претходно беше на појзамица и во Кршко од Словенија, додека во Македонија беше дел од Работнички.



Спонзорирани линкови

Маркетинг