Илон Маск еднаш открил како ги разоткрива луѓето кои што лажат во интервјуата за работа.
„Зборувајте ми за некои од најтешките проблеми на кои што сте работеле и како сте ги решиле“, е задачата која што Маск им ја поставува на кандидатите во разговорите за работа, а има и добро објаснување за тоа.
„Луѓето кои што навистина го решиле тој проблем знаат точно како го решиле. Тие можат да ги опишат и оние најситни детали“, изјавил Маск на „World Government Summit“ во 2017 година.
Методот на Маск се потпира на идејата дека некој кој што изнесува лажни тврдења има недостаток на способност тоа убедливо да го изнесе. Поради тоа сака да ги слушне чекор по чекор како зборуваат за тоа како работеле на решавањето на некој проблем.
Истражувањето го потврдило методот на Маск
Истражувањето објавено во магазинот „Journal of Applied Research in Memory and Cognition“ минатата година, открило неколку пристапи на воочување на лажговци и тоа токму со техниката „разговор за работа“ која што е слична на методот кој што Маск го применува со години, пренесува „CNBC“.
Една од таквите техники, наречена е асиметричо управување со информации, осмислена на испитаниците да им даде можност на истражувачот да му ја докажат својата невиност или пак вина со помош на детални информации.
„Малите детали се клучни за форензичките истраги и на истражувачите можат да им понудат клучни информации за проверка, како и да посочат на сведоците кои што треба да ги испитаат“, велат авторите на истражувањето.
Истражувањето покажало дека луѓето кои што ја кажуваат вистината „вообичаено сакаат да ја покажат својата невиност така што ќе дадат детални информации како одговор“.
„Спротивно на тоа, лажговците сакаат да ја прикријат својата вина. Тоа значи дека поверојатно е стратешки да ги скратат информациите како одговор на оваа метода. Тие претпоставуваат дека давањето на повеќе информации на истражувачите ќе им го олесни патот да ја „уловат“ лагата“, заклучиле авторите на истражувањето.