Многу од најуспешните луѓе интервјуата за работа ги свеле на науката - и немаат навика да трошат време со неважни прашалници.
Воглавно, тие често имаат омилено прашање кое што сакаат да го постават. Тоа вообичаено открива сè што треба да знаат за кандидатот за работа. Некои преферираат загатки за да видат како кандидатите размислуваат.
Извршните директори во стартап компаниите вообичаено сакаат да видат дали сте креативни и дали во тимот ќе влеете некаква нова перспектива, што е често причина зошто во текот на процесот на интервјуата многумина поставуваат едноставни прашања.
Омилени прашања на 10 раководители на познати брендови:
1. „На скала од еден до десет, колку сте чудни?“, поранешниот изврнеш директор на „Zappos“ - Тони Шеј.
2. „Што не добивте можност да го ставите во вашето резиме?“, основач на „Virgin Group“ - Ричард Бренсон.
3. „Што би направиле во случај на зомби апокалипса?“, извршен директор на компанијата „Capriotti's Sandwich Shop“ - Ешли Морис.
4. „Чекан и шајка чинат 1,10 долари, а чеканот е еден долар поскап од шајката. Колку чини шајката?“, директорот на компанијата „ZipRecruiter“ - Џеф Звелинг.
5. „Кажи ми нешто вистинито, околу што баш никој не се согласува со тебе“, коосновачот на „PayPal“ - Питер Тил.
6. „Дали сте најпаметната личност која што ја познавате?“, коосновачот на „Oracle“ - Лери Елисон.
7. „Што сакате да бидете кога ќе пораснете?“, коосновачот на „Flickr“ - Стјуарт Батерфилд.
8. „Што би рекол некој кој што не ве сака за вас?“, основачот на „McChrystal Group“ - Стенли Мек Кристал.
9. „Кој е вашиот омилен цитат?“, поранешниот претседател на „Nasbro“ - Карен Дејвис.
10. „Како би заработиле од штанд за сладолед во Централ Парк?“, шефот за истражување и развој во „Jigsaw“ - Џезмин Грин.