Дино Мерлин за првпат зборувал за тешката здравствена состојба: „Живеев како билка, не ме интересираше ниту животот ниту смртта“

Точка

03/03/2021

18:12

2.539

Големина на фонт

а а а

Дино Мерлин во ток шоуто на „ХРТ“, „Во свој филм“ открил детали од неговиот живот кои многумина не ги знаеле досега.

Пејачот се присетил на деновите кога работел во фабрика за кревети во Вогошча и пишувал песни на мрсна хартија.

„Ме исмеваа затоа што пишував песни“, рекол музичарот и додал дека секогаш им велел дека ќе го гледаат на телевизија, што и се остварило.

Парите кои ги заработил, ги вложил во студио и приватно снимил албум, додека останатото, како што се вели, е историја.


Мерлин кој е роден во Сараево, се присетил и на воените денови, кога гледал како умираат неговите колеги, пријатели и менаџер.

„Беше лотарија кога ќе излезете надвор, дали воопшто ќе се вратите“, изјавил пејачот.

Тој зборувал и за филмската приказна со неговата сопруга Амела Дервишхалидовиќ, чии родители биле против нивниот брак. Тој вели дека „ја украл од родителите“, а заедно се повеќе од 4 децении.


Дино признал и дека кон крајот на 90-те размислувал да се повлече од сцената.

„Ова ќе го кажам за првпат, во еден период од мојот живот бев сериозно болен. Имав тешка депресија, не би го посакал тоа никому. Се манифестираше на таков начин што не ме интересираше ништо – ниту животот ниту смртта. Тоа беше период кога бев како билка. Сè ми паѓаше на ум во тоа време, размислував и да ја напуштам музиката. Но, решив да продолжам и во 2000-та година снимив албум на кој сум многу горд“, рекол Мерлин, кој се надева дека во 2022 година ќе бидат можни поголеми концерти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг