Џоди Комер и Хоакин Феникс како Жозефина и Наполеон во новиот филм за францускиот војсководец

Точка

03/03/2021

19:25

1.737

Големина на фонт

а а а

Џоди Комер заедно со Хоакин Феникс ќе глуми во новиот филм „Kitbag“, а ќе ја толкува улогата на сопругата на Наполеон – Жозефина де Боарне.

Филмот „Kitbag“ претставува оригинален и личен поглед на потеколото на Наполеон и на неговиот брз, но немилосрден подем до титулата император, набљудуван низ призмата на неговата зависничка и често непостојана врска со сопругата.

Како што беше претходно најавено, улогата на Наполеон ќе ја толкува оскаровецот Хоакин Феникс.


Филмот е во режија на Ридли Скот со кој Комер претходно соработуваше на снимањето на средновековната драма „The Last Duel“, чија премиера се очекува во октомври оваа година.

Како што наведува „Deadline“, актерката на снимањето на драмата го воодушевила славниот режисер, па тој веднаш ѝ понудил улога во следниот негов филм.


Комер во филмот „The Last Duel“ ја толкува сопругата на витезот Жан де Каруж, чиј лик го толкува Мет Дејмон. Уште една улога на сопруга ја очекува токму во филмот „Kitbag“.

Иако намерата на филмот е да ја забележи Наполеоновата славна битка, амбициите и стратешкиот ум, невозможно е да се изостави и љубовната приказна со сопругата Жозефина, која секако го обележала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг