Кога го објавил својот најголем хит, таа не била родена! Пејачот (75) за врската со 48 години помладата избраничка: „Таа е најпрекрасната личност на светот!“

Точка

03/03/2021

19:53

4.370

Големина на фонт

а а а

Кога американскиот пејач, Дон Маклин, во 1971-ва година го објавил својот најголем хит „American Pie“, неговата сегашна девојка уште не била родена.

Последните пет години, 75-годишниот пејач е во врска со 27-годишната манекенка Парис Дилан, која се прославила во ријалити шоуто на MTV, „Catfish“.

„Таа е најпрекрасната личност која сум ја запознал“, рекол Маклин за магазинот „People“ минатата недела.

„Размислувам за неа кога пеам многу свои песни“.

Маклин бил во брак со првата сопруга Керол од 1962-ра до 1972-ра година. Потоа во 1987-ма се венчал со Патриша Шнијер. Меѓутоа, парот се развел во 2016-та година поради обвиненија за семејно насилство.

„Љубовта е најважната работа која можете да ја имате. Мора да сакате некого. Омразата е голем терет и апсолутно губење време. Ги сакам моите деца и ја сакам мојата девојка. Луд сум по неа“, рекол тој.

Но, иако Маклин сега е среќен, не било секогаш така.

„Гледањето како татко ми ми умира пред очи на 15 години, дефинитивно ми го сруши светот. Во тој момент сфатив колку сме минливи... Чудо е што не полудев“.

Рекол и дека во тие моменти љубовта го одржувала.

„Мора да бидете заљубени во нешто. Кога поминував низ тешките моменти во животот, секогаш ја сакав мојата гитара. А сега ја имам Парис“, заклучил Маклин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг